петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најстудено во Лазарополе

Најстудено во Лазарополе

Утрово е најстудено во Лазарополе, два степена, а највисока температура од десет степени е измерена во Демир Капија и Дојран.

До 8:30 часот се измерени три степени во Берово, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, 5 во Прилеп, 6 во Крива Паланка, Претор, Струмица, Крушево, Скопје-Петровец и Тетово, 7 во Виница, Охрид и Дебар, како и 8 во Гевгелија, Штип, Куманово и Скопје-Зајчев Рид,

Времето денеска претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини особено долж поширокото Повардарие. Во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени, а во местата каде маглата подолго ќе се задржи температурата ќе достигнува до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла која во делови од котлината ќе биде подолготрајна. Попладне краткотрајно ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Најнови вести