Утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 13 степени, а изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови и Крушево, информира УХМР.
Минималните температури до 08:30 часот биле: 14 степени Маврови Анови, 15 во Берово, 17 во Охрид и Претор, 18 во Крива Паланка, Струмица и Тетово, 19 во Битола и Прилеп, 20 во Гевгелија, Кавадарци и Дојран, 21 во Скопје – Зајчев Рид, 22 во Скопје – Петровец, Куманово, Велес и Виница, 23 во Демир Капија и 24 во Штип.
Наврнатиот водел талог до 8 часот утрово изнесува два литра на метар квадратен во Маврови Анови и Крушево, како и еден литар на единица површина во Битола, Прилеп, Охрид и Претор.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од попладневните часови локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 33 степени. УВ индексто ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне 31 степен.