Според податоците на ДИК до 11 часот има висока излезнос во повеќето изборни единици. Највисока излезност има во Изборната единица четири – 13,46 отсто, додека најмалку гласачи излегле во шестката – 6, 04 отсто.
Во првата изборна единица висока излезност има во општината Аеродром во Скопје каде што гласале над 17,6 отсто. Исто така, има висока излезност и Карпош -17,7 отсто, Кисела Вода – 16,81.
Од Втората изборна единица Бутел со 14, 76 отсто е повисока излезноста.
Во третата изборна единица 19,03 има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 17 отсто, Лозово – 17,03. Во Пробиштип има 20,69 проценти излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК.
Во ИЕ 4 висока излезност, како што соопшти, има во Дојран – 17,83 проценти.Во Демир Капија 20,77, а во Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16,55 отсто до 11:00 часот.
Во ИЕ 5 – Битола 16,91 отсто, Демир Хисар 21,33 отсто и Охрид 13,16 отсто, рече Деркоски.
Во Шестата изборна единица излесноста, се движи од 6-7 отсто. Највисока излезност има во Тетово и тоа 8,13 отсто.