сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Намален водостојот на Преспанското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостоите на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, за 1,83 метри кај Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е за четири сантиметри повисоко од просечното.

Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и водостоите на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Радика кај Бошков Мост каде нивото е малку пониско од просечното.

Најнови вести