недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намален водостојот на Вардар кај Велес

Намален водостојот на Вардар кај Велес

Речиси двојно е намален водостојот на реката Вардар на мерното место кај Велес во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа нивото на Вардар во Велес е повисоко од повеќегодишниот просек за август, исто како и на другите четири мерни места. Единствено понизок водостој од просечниот реката има на вливот на Лепенец во Скопје, каде нивото е речиси двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Најголемо зголемување, пак, на водостојот во споредба со вчерашниот од 29 сантиметри има реката Струмица на мерното место кај Ново Село каде нивото и претходно беше повисоко од просечното, како што е и кај најголем дел од реките во земјава.

За разлика од реките сите природни езера во земјава имаат ист водостој како вчера, но е понизок од просечниот и тоа за еден сантиметар кај Охридското Езеро, за 1,94 метри кај Преспанското и за 1,3 метри кај Дојранското Езеро.

Најнови вести