понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намалена видливост на Шапка, Ѓавато и Стража

Намалена видливост на Шапка, Ѓавато и Стража

Намалена видливост поради магла попладнево има на Попова Шапка од 20 до 30 метри и на планинските превои Ѓавато и Стража од 50 до 80 метри, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради минирање при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал, денеска во периодот од 13:00 до 16:00 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во преќин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Најнови вести