среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Намалени водостоите на реките во споредба со вчерашните

Намалени водостоите на реките во споредба со вчерашните

Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за јуни, но најчесто бележат благо намалување во споредба со вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок е само реката Струмица на мерните места кај Сушево и Ново Село каде нивото е повисоко од вчерашното, особено кај Ново Село каде водостојот е зголемен за речиси 2,5 пати во однос на вчера.

Нивоата, пак, на природните езера се исти со вчерашните, но се пониски од повеќегодишниот просек за овој период од годината. При тоа водостојот на Охридското Езеро е понизок за пет сантиметри од просечниот, на Дојранското за 47 сантиметри, а кај Преспанското Езеро за дури 1,89 метри.

Најнови вести