Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според УХМР, двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка.
Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се речиси идентични со просекот за јануари.