Водостоите на реките во Македонија се под просекот за месец јануари. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.
Извесно зголемување на нивото на водата, според денешните мерења на УХМР, се бележи само на Вардар кај Јегуновце.
Водостојот на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е во рамки на просекот.
МИА