Нивото на реката Вардар е под просекот за мај кај Демир Капија, Велес, Јегуновце и Скопје.
УХМР евидентира намалено ниво на водата и на реката Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје, на Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, на Црна Река кај Новаци и на Црни Дрим кај Ложани.
Според денешните хидролошки мерења на УХМР, зголемување на нивото на водата има на реката Струмица кај Сушево и на Бабуна кај Богомила.
Кај природните езера водостојот е во рамки на мајскиот просек.