четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо да се садат дрва во загаденото Тетово се сечат: Граѓаните гневни на градоначалничката Теута Арифи и нејзиното неработење (ФОТО)

Наместо да се садат дрва во загаденото Тетово се сечат: Граѓаните гневни на градоначалничката Теута Арифи и нејзиното неработење (ФОТО)

И додека Македонија е најзагадена земја во Европа власта „мува не ја лази“.

Освен Скопје еден од најзагадените градови во Македонија е и Тетово кое наместо да се справи со загадувањето градот сече дрва.

Во текот на викендот во дворот на ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово биле исечени три дрва.

Според информации на родители кои ги испратија фотографиите сечата била нелегална во текот на поплочувањето на дворот со бекатон плочки.

Инаку Тетово е еден од најзагадените градови и има недостаток на зелени површини, а наместо тоа власта на чело со Теута Арифи во општината реши да ги сече и така малку останатите дрва.

Најнови вести