петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо министерство за земјоделство, министерство за арач на земјоделците

Наместо министерство за земјоделство, министерство за арач на земјоделците

Продолжува голготата на македонските земјоделци. Откако се соочија со катастрофална година сега се соочуваат и со дополнителни трошоци, па така  наместо министерство за земјоделие да ги решава проблемите на земјоделците се претвори во министерство за арач на земјоделците.

Имено, до нашата редакција пристигна фотографии од фактура за вoден надомест на земјоделско земјиште за 2020 година од еден разочаран земјоделец од село Ерџелија, светиниколско, кој вели дека наплатени му се средства за наводнување на површина на земјоделско земјиште, а наводнување воопшто не изврши на таа површина.

Односно, за култура луцерка стои дека АД Водостопанство наводно ќе наплати огромна сума за наводнување на земјоделско земјиште кое што воопшто не се случило. Односно како што се гледа од фотографиите пишува дека се наводнувала површина на земјоделско земјиште  од 9.684 метри квадратни, а износот за ова е 5.956 денари. Потоа површина од 8.766 метри квадратни износ на наплата 5.391 денари, понатаму, за 11.361 наводнета површина за наплата 6.987 денари, 2630 наводнета површина наплатена 1.617 денари, 2.374 метри квадратни површина а 1.460 денари, и 2.000 површина за наводнување а наплатена за 1.230 денари. Вкупно за наводнување  земјоделецот ќе треба да плати  дури 93.635 денари за површина која што не ја наводнувал за одгледување на луцерка.

Оттука логично е да се постави прашањето дали АД Водостопанство кое изминатиот период ги остави своите вработени по два месеца без плата, а зема позајмица од владата за да исплати плата на вработените на ваков начин сака да го наполни буџетот на претпријатието за да може во следниот месец да исплати плати.

Се појасно е дека министерството за земјоделство се претвора во министерство за арач на македонските земјоделчи, имајќи во предвид дека оваа година беше една од најтешките години на земјоделците во однос на пласман и цена на земјоделските производи кои што ги одгледуваат, а власта и министерот за земјоделство Аријанит Хоџа остануваат неми кога станува збор за решавање на нивните проблеми.

Најнови вести