четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Наместо оставка, го именуваа директор, непресметлив и неспособен- спасете животи дајте си оставка“

„Наместо оставка, го именуваа директор, непресметлив и неспособен- спасете животи дајте си оставка“

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно.

Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек наместо Ангелов. Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев, стои во партиското соопштение.

Најнови вести