Една наплатна кабина на патарината во изградба кај с. Кадрифаково на автопатот Штип-Миладиновци е целосно оштетена, а на две соседни има делумно оштетување, откако вчера во нив удри и се преврте камион кој превезувал брашно.
За среќа, освен причинетата материјална штета нема повредени.
Од Јавното претпријатие за државни патишта преку соопштение информираа дека:
„Наплатната станица Кадрифаково беше во завршна фаза на изведување и требаше да се пушти во април. Со причинетата штета ќе се направи непланирано одложување на пуштањето во употреба од причина што целосно оштетените делови ќе мора да се заменат со нови. За колку ќе се пролонгира отворањето на наплатната станица во овој момент не можеме со сигурност да предвидиме се додека не добиеме целосна информација за причинетата штета“.
КУРИР денес беше на лице место, а во продолжение ви пренесуваме каква е штетата по вчерашната несреќа: