недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Народниот правобранител формира предмет за случајот со ученичката Ембла од Гостивар

Народниот правобранител формира предмет за случајот со ученичката Ембла од Гостивар

Народниот правобранител формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот во кој Ембла Адеми, ученичка со попреченост од основното училиште „Башкими“ во Гостивар, не била прифатена од родителите на учениците од класот во која била запишана, и била приморана наместо заедно со другите ученици, наставата да ја следи сама, со нејзиниот асистент, во посебна просторија.

– Објавената сторија покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот. Недозволиво е овие ученици да бидат жртва на неподготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација. Впрочем, изминатите години сите чинители во општеството кои се занимаваат со оваа проблематика, вклучувајки ја и институцијата Народен правобранител дадоа голем придонес во реформите во образовниот просцес, токму во делот кој се однесува на инклузивноста на учениците, затоа што различноста не смее да биде сфатена како казна, како што тоа е направено во конкретниот случај, се наведува во реакцијата од Народниот правобранител.

Народниот правобранител ги охрабрува родителите за вакви случаи да не молчат, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите. Исто така, смета дека е добро што медиумите покажуваат сензибилност и ги објавуваат сториите, но укажува на фактот дека при објавувањето на овие стории мора максимално да се води сметка за заштита на најдобриот интерес на детето и да се избегнуваат експлицитни кадри или фотографии од децата.

Најнови вести