вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Народот славеше 20 години независност-СДСМ бојкотираше, СДСМ слави промена на име-народот бојкотира!

Народот славеше 20 години независност-СДСМ бојкотираше, СДСМ слави промена на име-народот бојкотира!

Партијата на Зоран Заев, СДСМ, ја бојкотираше прославата на 20 години македонска независност. Настанот кој тогаш ги сплоти македонските граѓани, за СДСМ не беше важен и на тој голем ден само се обидуваа да тераат политика.

Но, за оваа партија која денес е на власт, голема причина за прослава е промената на името на државата и големиот дипломатски пораз. Затоа, народот вчера со бојкот им одговори на прославата.

Додека беа во опозиција, СДСМ ги одбегнуваа сите прослави кои ја величеа самостојноста и државноста на Република Македонија. Тогаш од позиција на дежурни критичари, ја обвинуваа владата на Никола Груевски дека троши народни пари за  приватни журки, иако се работеше за општонародни прослави кои  ја славеа државата.

На 08.09.2011 во Скопје, десетици илјади македонски граѓани се сплотија да прослават две децении македонска независност. Се вееја македонски знамиња, се пееја македонски забавни и народни песни, се испраќаа моќни пораки.

Погледнете дел од официјалните и забавните случувања:

А СДСМ излезе со ваков став:

-Скандалозно владино соопштение со кое јавноста беше информирана дека прославата на 20 години самостојност на Македонија чинела само 90.000 евра. Сакаме на почетокот на бидеме јасни. Сметаме дека едена ваков значаен јубилеј како 20 годишнина од самостојноста на Макеоднија навистина треба да се одбележи и прослави на свечен и достоинствен начин со повеќе содржини, но нема да дозволиме владата да се мајтапи со граѓаните. Очигледно е дека владата сака да ги сокрие вистинските трошоци што само ги зголемува сомнежите дека некој и од оваа прослава дебело се офајдил на грбот на граѓаните и тоа полека, но сигурно ќе излезе на виделина. Исто како со спомениците од Скопје 2014. Само организираниот автобуски превоз на партиските активисти и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од 83 општини чини повеќе од 100.000 евра. Ако на ова ги додадеме трошоците кои се однесуваат на изнајмувањето на трите бини со озвучување, осветлување, брендирање на позадина, преносот во живо, изнајмување на билборди, изработка на тв спотовите и медиа закупот сумата од 90.000 евра која ја соопшти владата е повеќе од смешна. Да не ги споменуваме, огнометот, огласите во весниците, печатените материјали,  или хонорарите на креативниот тим за осмислување на прославата кој го промовираше министерката за култура. Колку и да се обидува Владата да сокрие јасно е дека зад партиската прослава на плоштадот се потрошени милионски суми народни пари. Владата во соопштението тврди дека  сите пари се потрошени во законски постапки и со целосна транспарентност. Бидејќи бирото на јавни набавки, иако има законска обврска нема објавено ниту една постапка или договор поврзан со прославата. Ја повикуваме министерката за култура Елизабета Канческа Милеска како носител на одбележувањето на јубилејот да ги објави сите постапки и договори поврзани со прославата на плоштадот. Ако владата нема што да крие веднаш ќе бидат објавени сите договори и постапки поврзани со прославата на 20 годни самостојнсот.Се надевам дека за прославата не е исчезната документацијата како што беше случај со дел од проектите за Скопје 2014, па министерата нема да излезе со парзни класери, туку навистина ќе ги покаже документите, бидејќи тоа им го должи на граѓаните, рече Макрадули во 2011 година.

Сега кога на големи ѕвона се слави продажбата на името на државата, тие избегнуватат да кажат и обелоденат колку ќе чини прославата на ова велепредавство. Превозот, бината, озвучувањето, осветлувањето и хонорарите на пејачите  и сето тоа во 15 градови истовремено, сигурно е дека ќе чинат многу.

Народот вчера порача дека нема што да празнува и со бојкот одговори на нивната прослава.

КОЧАНИ
гевгелија

Најнови вести