понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Народот тоне во корона криза, но за бизнисот со марихуана криза нема!

Народот тоне во корона криза, но за бизнисот со марихуана криза нема!

Народот тоне во криза, здравствена и економска. Бројот на заразени и жртви расте секој ден. Граѓаните живеат во страв за своето здравје, но и за сопствената егзистенција бидејќи дел од нив останаа без работа, а дел без финансии.

Но, Владата на СДСМ не дозволи криза во бизнисот со марихуана.

Лично премиер Оливер Спасовски, кој овој период навистина има многу поважни работи на кои треба да се посвети, бизнисот со марихауна го постави како приоритет.

Имено, на 12-ти јуни, односно пред два дена објавена е одлука за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на дружтво за производство, трговија и услуги КАННАБИСДС ДОО УВОЗ ИЗВОЗ КОЧАНИ.

Одлуката е потпишана од премиерот Оливер Спасовски.

 

Најнови вести