На денешниот протест на новинарите пред Владата, претседателите на ЗНМ и ССНМ, Насер Селмани и Тамара Чаусидис, разговараа со министерот без ресор во Владата на Зоран Заев, Роберт Поповски.
Откако министерот заврши со своето обраќање, претседателката на ССНМ му порача на Поповски дека новинарите не се убедени во постапувањето и неселективноста на институциите.
-Имаме чувство дека не се делува доволно. Поради тој факт се собравме ние тука, рече Чаусидис.
Претседателот на ЗНМ, пак, кон кого беа упатени заканите од функционерот на ДУИ, што го иницира протестот, му рече на Поповски:
-Врзете ги кучињата. Мора да бидат врзани за да не касаат, рече Селмани.
Тој потоа рече дека додека не бидат скротени силеџиите, ќе претставуваат закана за слободата на говорот.
Фото: РЕПУБЛИКА