Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата, реагираат од партијата на Мицкоски на сопштението на СДСМ.
Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше милион пати помалку од сите матни тендери во РЕК Битола и рекети, за кои имаше кривични пријави за Вице од кои исчезна неговото име.
Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари кое Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност.
Настанот чинеше неколку пати помалку од парите кои Драги Рашковски ги собра за мекици.
Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чини и многу помалку од парите од местените тендери за бандери по општини од нивните поранешни градоначалници.
СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта.
СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.