Советникот од редовите на НСДП во Советот на Општина Кочани, С.С. кој е наставник по географија во ОУ „Никола Карев” Кочани, удрил ученик од седмо одделение за време на час.
Според Записникот од одржана родителска средба на 7-1 одделение во ОУ „Никола Карев” Кочани до кој дојде нашата редакција од анонимен извор јасно се гледа дека наставникот С.С. физички го нападнал ученикот Д. и му удрил шлаканица. Покрај физичкиот напад наставникот и вербално се пресметувал со ученикот Д. и неговиот соученик А. За скандалот да биде поголем наставникот С.С. им се заканувал на учениците да не кажуваат дома, па така родителите на удрениот ученик Д. за настанот биле информирани од неговите соученици.
За целиот инцидент била информирана и директорката Б.П. која за цело време додека траела тензијата околу инцидентот била на страната на наставникот С.С. и целосно го заштитувала.
Заштитата од директорката Б.П. отишла до таму што не сакала да ги ислуша учениците за инцидентот, а пред родителите кон учениците се обратила со зборовите: „Да не ве утепа кога ве удри?” На Записникот од одржана родителска средба исто така јасно е забележано дека родителите имаат сериозни замерки на однесувањето на наставникот С.С. поради насилничкиот однос кон нивните деца и пред се поради вербалните закани и понижувачки однос кој овој наставник го има кон учениците во ОУ „Никола Карев” Кочани.
Бидејќи за овој инцидент е запознаен и Градоначалникот на Кочани, г-н Николчо Илијев и исто како и Директорката и тој застанал во заштита на наставникот – негов коалиционен партнер во Советот на Општина Кочани се надеваме дека МВР и ЈО од Кочани по допрен глас ќе го разгледаат објавениот Записник и ќе реагираат соодветно.
Учениците не заслужуваат да бидат мета на вербални и физички закани од нивните наставници за да ја демонстрираат моќта на власта!