сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Настова: Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен, лековите се издаваат исклучиво врз основа на лекарски извештај

Настова: Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен, лековите се издаваат исклучиво врз основа на лекарски извештај

Во КАТО системот се подготвува терапијата, поврзана со софтвер кој ја следи работата на лекарот до конципирање протоколи и редоследот на терапијата до крајниот корисник (пациентот). Но, во нашиот случај софтверскиот дел не беше поврзан за болничкиот систем, што создаваше можност за дополнителен влез во системот. Софтверскиот дел на КАТО ситемот не беше комплетен. Аптеката ги внесе сите бар кодови на лекови, но тоа не беше инсталирано до крај. Болничкиот електронски систем не беше поврзан со КАТО системот што создаваше дополнителен проблем. Евиденцијата е довјна.

Вака вечерва пред собраниската Анкетна комисија сведочеше Билјана Настова, раководител на клиничката аптека на Онкологија според која, апсењето на фармацевтскиот техничар од Клиниката за онкологија, Калтрин Уштеленца не се случило во аптеката ниту за нешто поврзано со работењето на аптеката.

-Калтрин е фатен надвор од просториите на аптеката и на Клиниката за дело кое воошто не е поврзано со работењето на аптеката, туку за нешто што своеволно го направил. Не се чувствувам одговорно за Калтрин, јас не можам да ги контролирам моите вработени во текот на седумчасвното работно време, каде одат и што прават. Излегуваат на појадок, во подрумските простории долу се чува физиолошки раствор за кој мора да вршат прием,…, рече Настова.

На прашањето дали чувствува страв или притисок од некои лица, одговори дека досега ниту еден притисок не влијаел на нејзината законска работа.

-Стравот е објективно чувство. Без разлика, јас секогаш сум се обидувала да ја водам работата на аптеката најсовесно, најстручно и најодговорно. Сум имала проблеми во однос на снабдувањето, сум спречувала одредени проблеми од веледрогериите. Одговорно тврдам дека ниту еден притисок и ништо не влијаело на мојата законска работа, подвлече Настова која е вработена на Клиниката за онкологија од 2012 година.

Таа објасни дека за повторно да профункицонира КАТО системот, биле потребни дополнителни средства.

-Беа потребни дополнителни средства за софтверскиот дел, а и во делот за идеалното подготвување цитостатици со микробиолошка чистота требаше да се снабди комора во која ќе се врши стерилноста на внесените препарати во изолаторите за што беа потребни дополнителни средства, истакна Настова.

Таа откри и дека по исклучување на КАТО системот била повикана на разговор во директорската просторија каде имало, рече, претставници од Белград. Се правеле анализи дали може КАТО системот повторно да се вклучи.

-Што се случило во меѓувреме и до каде е ситуацијата, не знам, истакна Настова.

Според неа, аптеката ги издава лековите исклучиво врз основа на лекарскиот извештај.

-Аптеката секогаш водела уредна документација, влез и излез на сите лекови и никогаш не се случило да има недостаток или вишок на лекови. Нарачките во аптека се вршат согласно потрошувачката, а биолошката терапија обично се требува на неделно или двонеделно ниво. Останатата симптоматска терапија може да се требува и на месечно ниво. Биолошката терапија се води и со рок и со сериски број, а издавањето на лекот се врши електронски, индивидуално, по пациент, со вметнување на името и бројот на досието на пациентот. Не можам да одговорам дали лекот се требува за други здравстевни установи зашто аптеката го издава лекот исклучиво врз основа на лекарскиот извештај, објасни Настова, додавајќи дека пописот во аптеката го врши комисија назначена најверојатно од директорите.

Најнови вести