четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Потребни се конзистентни политики за заштита на националните стратешки интереси

Нацев: Потребни се конзистентни политики за заштита на националните стратешки интереси

Во своето вчерашно гостување на утринската емисија на Радио Лидер, универзитетскиот професор Александар Нацев се осврна на потребата од водење конзистентни политики кога се во прашање националните стратешки интереси и заштитата на уставниот поредок. Исто така, професорот се осврна за потребата за одржување максимална будност и внимателност од страна на контраразузнавачките и безбедносните институции во моменталната безбедносна и политичка состојба, како и нивна подготвеност за постапување доколку се укаже одредена потреба.

Она на што Нацев стави посебен акцент беше неговата теза дека „Единствена константа во меѓународните односи помеѓу државите е заштитата на своите сопствени национални и стратешки интереси.“ Ова може да се види преку голем број примери во далечната и во блиската историја, но и е прилично актуелна теза во денешните односи помеѓу државите.

Во продолжение можете да го погледнете цолото гостување на Нацев:

Најнови вести