Научна трибина насловена „Името и идентитетот: академски одговор“ денеска ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Воведни излагања, на трибината ќе имаат акад. Витомир Митевски, проф. д-р Антоанела Петковска, проф. д-р Бранислав Саркањац, проф. д-р Билјана Ванковска, проф. д-р Благоја Јанаков и проф. д-р Далибор Јовановски. Модератор на трибината ќе биде проф. д-р Михајло Поповски. По кусите воведни излагања ќе следува отворена дискусија на присутните.
Идејата на овој собир, како што велат организаторите, е да ги артикулира клучните проблеми поврзани со прашањето на идентитетот/идентитетите на индивидуално, на национално и на меѓународно ниво, како и да понуди различни научни гледишта за можно решавање на проблемите.