недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наумовски: Овој пат не треба пред време да прославуваме датум за почеток на преговори со ЕУ

Наумовски: Овој пат не треба пред време да прославуваме датум за почеток на преговори со ЕУ

Во емисијата „И што Сега“  на МРТ Телевизија универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Васко Наумовски изјави дека во однос на доделувањето на датум за почеток на преговори со ЕУ не би требало овој пат предвреме да прославуваме.

-Мислам дека овој пат не би требало да бидеме 100% сигурни и не би требало пред време да прославуваме никаква одлука се додека таа не биде целосно усвоена со консензус од сите држави членки секако сите овие позитивни најави од страна на комисијата се во ред меѓутоа ниту една држава членка не може да гарантира дека сите држави членки ќе се согласат со донесувањето на една одлука, нагласи Наумовски.

Тој истакна дека минатиот пат сите ние бевме сведоци дека дури и од официјален Берлин имаше најави кои овде се протолкуваа како гаранции дека ќе биде донесена одлука но ете ниту официјален Берлин ниту било која друга држава не може да гарантира каков ќе биде ставот на останатите држави членки.

– Одлуката на комисијата и проценката е една работа меѓутоа да повториме такви оценки ние имавме во изминатите 10 години наназад. Би требало да бидеме оптимисти меѓутоа не преголеми оптимисти имајќи ги предвид искуствата од минатото,  додаде Наумовски.

Тој истакна дека постојат два типа на опасности едната опасност е дека можеби некоја држава членка се уште ќе има резерви и кон нашата држава и вториот тип на ризик е тоа што некои држави можеби ќе сметаат дека се е во ред со нас, меѓутоа заради тоа што двете држави не можат да се разделат Македонија на некој начин ќе биде колатерална штета на одлуката за не добивање на датум за почеток на преговори.

Наумовски исто така истакна и дека Македонија нема резервни играчи и мора да изнајде начин да го спречи одливот на стручен кадар кој што во иднина треба да биде вклучен во процесот на спроведување на евроинтеграцијата на Македонија.

Најнови вести