недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наумовски: Само несериозна држава и дипломатија пред само 20-тина дена на влез во НАТО нема амбасадор во оваа најважна меѓународна безбедносна организација

Наумовски: Само несериозна држава и дипломатија пред само 20-тина дена на влез во НАТО нема амбасадор во оваа најважна меѓународна безбедносна организација

За тоа колку власта предводена од СДСМ и Зоран Заев е заинтересирана за членство во НАТО во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија говореше Васко Наумовски – поранешен потпретседател на Владата за евроинтеграции и амбасадор во САД.

Тој истакна дека во моментов нашата држава, Република Македонија нема амбасадор во оваа најважна меѓународна безбедносна организација и тоа многу лошо го толкуваат нашите партнери.

-Немаме ни во НАТО, ниту во Вашингтон, а и во други светски важни центри. Тоа е еден несериозен пристап од една држава која аспирира кон НАТО и ЕУ. Овој наш пристап не наидува на одобрување, напротив покажува една лоша слика на нашата држава и на нашата дипломатија во Европа и светот, истакна Наумовски.

Најнови вести