понеделник, 29. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Наумовски: Стејт Департментот и порача на Владата наместо најави да премине на дела против корупцијата

Наумовски: Стејт Департментот и порача на Владата наместо најави да премине на дела против корупцијата

Остри реакции на експертската јавност по катастрофалниот извештај на Стејт депатментот со кој несомнено се потврди дека во земјава „цвета“ корупција. За универзитетскиот професор Васко Наумовски, загрижувачки е тоа што во извештајот се наведува дека и американските компании кои што се присутни на македонскиот пазар ги нотирале корупцијата и лошите услови за работа.

„Сите овие извештаи на американската администрација во суштина ги бележат недостатоците во однос на инвестициската клима, во конкретниот случај. На овој начин се испраќа порака дека САД се сериозно загрижени за растечката корупција во државата која што штети не само на привлекувањето на странски инвестиции, туку и на севкупниот напредок на државата“, вели професорот Наумовски.

Владата уште вчера се правдаше дека посветено работи во борбата против корипцијата, но професорот е дециден дека едно е кога се зборува, а сосема друго е кога се работи во пракса. Тој вели дека недостатоците како што е корупцијата се дел од забалешките и на Европската комисија, што значи дека Владата ќе мора искрено да се посвети на ова поле доколку сака да демонстрира конкретни резултати.

„Секогаш е потребно декларативните најави да се реализираат и во стварноста. Едно е кога само се зборува за борба против корупција, а сосема е друго кога ќе се демонстрираат конкретни резултати. Извештајот на САД во суштина кажува дека недостигаат резултати. Од декларативните најави за борба против корупцијата нема да имаме никаква корист ниту ние како граѓани, ниту компаниите кои сакаат да инвестираат овде“, додава Наумовски.

Американскиот Стејт Департмент вчера објави загрижувачки извештај поврзан со бизнис климата во Македонија. Во него, корупцијата и непотизмот како главни проблеми со кои се соочуваат инвеститорите во земјава беа споменати во повеќе наврати. Во Извештајот се потенцираа и други аномалии како злоупотреба на скратени постапки, конфликт на интереси при јавните набавки, селективно правосудство, поткуп и корупција на јавните функционери…

Најнови вести