Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е поранешната прашеничка на СДСМ, Лидија Димова, пренесе а1.он.
Ваквото несовесно менаџирање со европските фондови го потврди и Државната комисија за спречување на корупција која пред една недела отвори предмет за злоупотреба на средства од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова која беше и меѓу најгласните критичари на поранешната власт и една од клучните фигури во таканаречената „Шарена револуција“. Но, многу брзо се покажа за што се борела таа која инаку е позната и како возач на комбето на „Шарената револуција“.
Таа за време на протестите кои се организираа често знаеше да излезе и да прочита некоја дефиниција која ја нашла на интернет за тоа што значи корупција, но откако се најде во ДКСК се покажа и дека копајќи по дефинициите научила и да да ја применува истата.
„Јас денеска на Интернет ја побарав наједноставната дефиниција за што е тоа корупција. И добив наједноставна дефиниција – корупција е нечесно и измамничко однесување на власта. Што од ова не им е јасно на нашите властодршци јас не знам“, рече Димова во нејзин говор за време на протестите на „Шарената револција“ пред Собранието, Димова оддржа говор пред присутните.
Таа се чини дека многу бргу откако беше назначена за директорка на крајот од 2017-та заборави за тоа што го говореше па се одлучи поинаку да дејствува.
Како што објави порталот а1.он случајот со фризерницата која добила 270 илјади евра е само еден од спорните грантисти, за чии апликации се одобрени неповратни средства од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Меѓу одобрените има и организација на која и е одземена деловната способност, иако е правно активна. Вработените во институцијата , укажуваат дека од агенцијата се трошеле илјадници евра ненаменски и дека трпеле мобинг на работно место.
Инаку, од попзициската ВМРО-ДПМНЕ изминатата година во неколку наврати обелоденија дека има како што велеа од таму незаконитости во работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која е надлежна за распределба на фондовите на Европската унија во областа на образованието, мобилноста, како и невладиниот сектор – познати под името Еразмус+, но тогаш институциите немаа слух за ваквите предупредувања.
ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и за илјадниците евра кои биле префрлани на едни исти организации, на спорни тендери и на луѓе блиски до СДСМ. Алармираше и за над 100.000 евра исплаќани на агенции за промоција, без одржување на тендер, во четири очи. Информираше и за недозволени консултанти кои наплаќаа провизија, како и за вработувања на блиски лица до директорката Лидија Димова и премиерот Зоран Заев, како и од поранешна невладина организација на Димова. Но, за ниеден од овие наводи нема одговор од ниедна од надлежните институции.
-До нас, но и до сите државни институции викендов пристигнаа информации за огромни незаконитости и сомнително финансиско работење на Националната агенција. Затоа, јавно ја прашуваме Лидија Димова:
Дали годишната сметка не е поднесена во законски определениот рок затоа што од благајната на Агенцијата недостасуваат десетици илјади евра кои не може да се оправдаат?
Дали постои изјава дека лице блиско на Лидија Димова лично и неосновано ги зело парите од службената благајна, но за тоа сеуште нема никаква постапка во ниедна институција?
Дали Димова исплаќала експерти, нејзини блиски соработници и активисти на СДСМ, кои воопшто не се појавувале на настаните организирани од Националната агенција?
Дали Димова набавила возила во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби?
Дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во доцните ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.