Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности, велат во соопштението од Националниот демократски институт (НДИ).
Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во било која форма коешто негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс.
Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост , силно ги осудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со коишто се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејствија против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори. Се надеваме дека ќе се стави крај на вербалните напади врз жените-кандидатки и дека предизборниот период и изборите ќе продолжат во фер и демократска атмосфера за сите учесници.
Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката” како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции.
Работна група за родова еднаквост:
Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците
Арбен Таравари, Алијанса за Албанците
Вјолца Муртези, Алтернатива
Адмирим Халити, Алтернатива
Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ
Марија Митева, ВМРО – ДПМНЕ
Мелинда Рашиди, Движење БЕСА
Фатри Салуи, Движење БЕСА
Силвана Кржовска, ДОМ
Христа Најданов, ДОМ
Бедри Фазли, ДУИ
Арбана Пашоли, ДУИ
Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП
Игор Вељаноски, ЛДП
Снежана Калеска Ванчева, СДСМ
Марко Михаилоски, СДСМ, стои во соопштението на НДИ.