Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев спротивно на законите врши хајка против неистомисленици.
Џолев изврши преседан со барањето за разрешување на Александар Даштевски, од Комисијата за за утврдување на дискриминација, само затоа што утврдил дискриминација во случајот со судијката Кацарска, а во врска со случајот со Јанкулоска која е обвинета во предметот на СЈО „Тенк“, без да ги испочитува законските процедури.
Согласно закон, мандатот на член на Комисијата може да му престане единствено согласно условите од чл.22 од Законот, односно со смрт на вршителот на должноста, ако сам го побара тоа, ако со правосилна одлука му е изречена забрана за вршење професија дејност или должност, со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор од над шест месеци или по кој било основ е казнет за дискриминација, трајно ја загуби психофизичката способност за вршење на функцијата и нестручно, пристрасно и несовесно ја врши функцијата.
Имено согласно Закон, Џолев не може да побара разрешување, а уште помалку неговото барање законски може да резултира со разрешување, истото е само притисок врз сите кои размислуваат поинаку од апологетите на актуелната власт.
Ставот на Комисијата е дека Кацарска се однесувала дискриминаторски со Јанкулоска во текот на постапките. Констатацијата е дека Кацарска се однесува непрофесионално и доскриминаторски во сите случаи на СЈО кои ги води.