Статусот на Трајче Мешков во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, опишува каква била ситуацијата вчера при собраќајката на скопската обиколница.
Краток осврт на вчерашната сообраќајна незгода:
Локација, сам почеток на обиколница од страна на Тетово према Скопје (некаде кај Волково). Учесници 2 камиона од кои едниот се забива во задниот дел на другиот ….
Јас дојден прв, само неколку мига после сообраќајката, Шоферот и совозачот (дете од 10 години) приклештени од ударот не можат да мрднат (воланот беше буквално кај вратот на шоферот)
Поентата на постот е следнава :
САКАМ ДА ГИ ПОЗДРАВАМ СИТЕ ОНИЕ 100/150 ВОЗИЛА КОИ ПРОБАВ ДА ГИ ЗАПРАМ ДА МИ ПОМОГНАТ, А МЕ ПРЕЛЕТАА СО 140/150 …. НИКОЈ, БУЛВАЛНО НИКОЈ НЕ ЗАПРА 10 МИНУТИ ….., пишува Мешков.
Први на помош, Единица за брзо распоредување- ЕБР во полициско возило кое запрело од другата насока од автопатот.
-Секоја чест момци. СЕ НАДЕВАМ НА БРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ…., додава Мешков.