недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не ги пријавиле високите надоместоци: Aнтикорупциска поднесе прекршочни за 10 обвинители на СЈО на чело со Јанева и Фетаи

Не ги пријавиле високите надоместоци: Aнтикорупциска поднесе прекршочни за 10 обвинители на СЈО на чело со Јанева и Фетаи

Антикорупциската комисија одлучи да поведе прекршочна постапка против десет обвинители кои работеа во СЈО бидејќи не ги пријавиле дополнителните надоместоци.

„Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ“, – информираа од Антикорупциска.

Според Законот за спречување корупција и судир на интереси (ЗСКСИ), тие се должни да пријават ако дополнителните приходни надминат вредност од 20 просечни плати.

Обвинителите за кои антикорупционерите одлучиле да поведат постапка се: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев. Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Љубомир Лапе.

Меѓу нив не е обвинителката Ленче Ристоска.

Најнови вести