четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не ја сфатија пораката, СДСМ заглавена во минатото, лови европејци и антиевропејци

Не ја сфатија пораката, СДСМ заглавена во минатото, лови европејци и антиевропејци

На последните локални избори во Македонија, народот јасно даде порака и поддршка за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во кои што препознаа визија во нивната прогарама. Тоа веќе градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот работен ден почнаа со континуирана работа за подобар живот на граѓаните чија доверба ја добија. За разлика од нив, политичките опоненти од СДСМ сеуште се заглавени за некое минато во кое се трудат да посочуваат кои се европејци, а кои антиевропејци.

По убедливиот пораз кој што го доживеаа на локалните избори, од страна на СДСМ во изминативе денови продолжија нападите и црната реторика за враќање на некакво минато. Па така конкретните напади беа за тоа кои се европејци, а кои антиевропејци.

СДСМ најмалку што треба е да се занимава за тоа кои се европејци, а кои антиевропејци, бидејќи во изминативе години тие се апсолутна власт и имаа можност за покажување на подобар живот кон граѓаните каков што ветуваа. Но, граѓаните се сведоци дека тие донесоа многу криминал, корупција и измами. А со тоа Европа стана недостижна цел за Македонија. Тие со нивното неработење не вратија далеку наназад во минатото.

Очигледно е дека пораката од народот која што им ја испрати на СДСМ на локалните избори не е разбрана, бидејќи немаше никаква реакција и осуда за заканата од членот на нивниот коалиционен партнер ДУИ за некаква си војна.

За потсетување во текот на кампањата од локалните избори во Македонија, СДСМ предводени од Зоран Заев беа со реторика на црна и негативна кампања и навраќање на работите наназад во 2015-та година кога тие беа опозиција и заборавија дека речиси 5 години се апсолутна власт во Македонија.

Пораките кои што ги испраќаше Зоран Заев и СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ беа неуспешни. Уште на самиот старт од работата на новоизбраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски оствари средба со нив. Тој притоа им посочи да работат чесно, одговорно и во служба на граѓаните.

„Потребен е максимален ангажман за да се реализира ветено. Барам од градоначалниците да почнат по најмалку три капитални проекти од инфраструктурата. Барам да се откажат од привилегиите кои во минатото нивните претходници ги злоупотребувале“, им укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новите градоначалници.

На највисоко ниво и европски, Мицкоски ја симна еуфоријата и јасно се определи за работа, чесност и одговорност за подобар, европски живот на граѓаните.

Најнови вести