недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна- Жбогар заигра на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна- Жбогар заигра на „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото.

-Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар.

Најнови вести