сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НЕ ПОСТОИ УТЕХА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА СМИРИ БОЛКАТА – Комити Скопје се простија од Дарко Смоковски – Смок, остануваат сеќавањата на него! (ФОТО)

НЕ ПОСТОИ УТЕХА КОЈА МОЖЕ ДА ЈА СМИРИ БОЛКАТА – Комити Скопје се простија од Дарко Смоковски – Смок, остануваат сеќавањата на него! (ФОТО)

Комити Скопје преку статус на Фејсбук пишуваат дека нивен член денеска починал.

Станува збор за Дарко Смоковски – Смок.

„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)

Засекогаш дел од нас! 🔴⚫️“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести