Откако ги „презеде“ ингеренциите на Уставниот суд и во негово име, без да го консултира, самостојно оцени дека Рашела Мизрахи го прекршила Уставот, техничкиот Оливер Спасовски сега останува доследен на своето уставно насилие, по најново претставувајќи се како неприкосновен уставобранител и негов најголем зашттитник.
Во говорот со вокабулар со остар мирис на кујната на СДСм, очигледно срочен од неговите ПИ-ар стартези на екс Бихаќка, Спасовски семоќноста ја демонстрира и со безобразниоот предлог некој од ВМРО-ДПМНЕ што гласал за Северна и за НАТО, да ја заменел Мизрахи, алудирајќи притоа опозицијата да предложи некој од редовите на „зависните“ пратеници, за кои целата јавност, а веројарно најдобро токму Спасoвски и Заев, добро знаат како и зошто гласаа за промена на Уставот по неуспешниот Референдум во Македонија.
Нејсе што дузина пати го прекршија со неговата СДСМ во минатите 30 месеци, но техничкиот Спасовски, познат во јавноста како чувар на тронот на Заев, вели дека можел да прави компромис и да разговарал за политички теми, можел да бара решенија за тие теми, но не и да правел компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер што дал свечена изјава пред Собрание дека ќе го почитува Уставот и законот, тоа немало да се случи?!
Ова го изјави техничкиот Спасовски во одговорот на новинарско прашање дали размислува, за да се избегне политичка криза, да го повлече барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Технички или не, но новопечениот уставобранител Спасовски, чија партија во минатите три години десетици пати го користеше истиот тој Устав како тоалетна хартија, на страна што го смени насила и за да им угоди на Грците му ја смени дури и Преамбулата, сега стана најголем заштитник на светата книга. Не го почитуваа ни на 27 април, ни при референдумот, зошто би го смениле својот насилнички став сега, прашуваат експертите, особено кога според анкетите им остануваат само два месеци владеење?
На прашањето како можело да се реши ова прашање, новокомпонираниот уставопочитувач Спасовски посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на министерката Мизрахи, тој немал дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останувало на опозицијата.
„Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам,“ изјави Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.
За жал на Спасовки, чиј чин се оценува како голо и неоправдано насилие за кое нема право и кое е ингеренција на Уставниот суд, контра него застана дури и неговиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски кој потврди дека министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, немала обврска да ја менува таблата со Република Македонија.
За разрешувањето на Мизрахи се потребни гласовите на 61 пратеник.