Жестоки критики на адреса на владата пристигнувaат од сите страни во врска со набавката на цвеќиња во вредност од 670 илјади евра.
Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на Државната управа. Иако во нормални услови вакви тендери би претставувале една нормална работа, во Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ тоа стана вистински скандал, бидејќи според огласот на службата за општи и заеднички работи, објавен на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност на набавката е околу 670 илјади евра.
Овој скандал на Владата силно одекна во јавноста, а социјалните мрежи „брујат“ за оваа маратонска сума и велат дека наместо на цвеќиња, може да се потроши на поприоритетни работи.
Покрај граѓаните, по владата удрија и јавните личности.
Реагираше и Ивор Мицковски, поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ.
Со реакција во јавноста излезе актерката Ирена Ристиќ, која бара да средствата да се пренаменат за приоритети, наместо за цвеќиња.
Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци запраша за колку квадратни метри се цвеќињата кои на пазар се 4 за 100 денари.
И новинарот Бранко Геровски, кој важи за нескриен поддржувач на СДСМ и на Зоран Заев, ја прокоментира набавката на цвеќињата.