По направените анализи Владата одлучи дека зимава, сепак, нема промена во досегашниот систем на сметање на времето, односно, како и секоја година во последната недела од октомври стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.
Вечерва во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што официјално ќе започне зимското сметање на времето.
Владата пред неколку седмици го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.
Но, по направените анализи Владата одлучи дека зимава, сепак, нема промена во досегашниот систем на сметање на времето, односно, како и секоја година во последната недела од октомври стрелките на часовникот да се поместат еден час назад.