понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не запираат притисоците на СДСМ врз вработените

Вработените во овој производствен капацитет во изминатиов период се сведоци на големи закани и притисоци и ја повикуваат владата на СДСМ и Зоран Заев да ги остават на мира за да можат да го работат она што најдобро го знаат, а тоа е стабилност на енергетскиот сектор.
Не запираат притисоците на СДСМ врз вработените

Притисоците во државните институции од страна на СДСМ никако да престанат. Овој пат на удар се најдоа вработените од РЕК-Осломеј.

Според информациите со кои располагаме од страна на вработените, а сакаат да бидат анонимни, ситуацијата во Осломеј се опишува како неподнослива. Недостатокот на јаглен стана секојдневие во Осломеј, но тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваат вработените во оваа институција.

Огромен врој на вработени, посебно оние кои се сметаат дека се политички неподобни се испратени да работат во Битола.

Ваквото деградирање на голем број на стручни кадри не е запамтено, коментираат вработените. Но притисокот не застанува тука. Партиското раководство на СДСМ под силен притисок ги приморува вработените кои се членови на постоечкиот синдикат во новоформираниот синдикат МЕСО, кој не е ниту легитимен ниту легален.

Најнови вести