Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска синоќа во телевизиско гостување се осврна и на законското решение недела – ден на неделен одмор, кое наскоро ќе влезе во собраниска процедура и кое обезбедува поголемиот дел од работниците во недела да бидат со семејствата.
-За вработените во дејностите што се неопходни за функционирање на општеството обезбедуваме повисока дневница за 50 проценти, но и слободен ден во текот на неделата. Додека за вработените во трговските центри, кои ќе работат во една смена, се обезбедува за 100 проценти повисока дневница и слободен ден, додека два проценти од годишниот промет правните субјекти од овие трговски центри ќе бидат обврзани да ги уплаќаат во државниот буџет. Тие пари ќе се инвестираат за нови градинки, нагласи Шахпаска.