вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Недела неработен ден – синдикатите „за“, бизнисот воздржан

Недела неработен ден – синдикатите „за“, бизнисот воздржан

Владата неодамна ја прифати иницијативата на синдикатите недела да биде прогласена за неработен ден, а Министерството за труд и социјална политика веќе работи на измени и дополнувања на Законот за работни односи. Синдикалните претставници сметаат дека недела треба да биде ден за одмор и ден за семејството, но бизнис секторот предупредува дека ова законско решение треба добро да се обмисли, да се направат проценки за влијанието врз економијата и да се види кои се гранки односно економски оператори можат да си дозволат да не работат, а кои не, пред се заради нарушување на работниот процес. Ова особено, како што потенцираат, поради тоа што бизнисот е и онака ранлив поради пандемијата предизвикана од корона-вирусот.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека на дневно ниво одржуваат координативни средби и работни состаноци со сите чинители кои се засегнати во носењето на новото законско решение, но не прецизираат во која насока се движат разговорите. Појаснуваат дека во најскоро време ќе излезат со предлог законското решение.

Најнови вести