Претседателот на СОНК, Јаким Неделков утринава се огласи преку социјалните мрежи на денот на почетокот на генералниот штрајк.
-Денес е денот,,Д”, ден кога ја започнуваме синдикалната борба за остварување на своите социјални права, за себе, за семејството, за дејноста, за учениците и родителите, за општеството….. Да бидеме храбри како што сме, сплотени и единствени и да стасаме што побрзо до посакуваната цел. ,, Со ука, наука и култура заедно сме во секоја бура”. Среќно, напиша Неделков на Фејсбук.
СОНК денеска започна со генерален штрајк во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.
Од Синдикатот се одлучија на ваков чекор откако на неколку средби со ресорните министерства и Владата не беше постигнат договор во врска со нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти. Од Синдикатот посочуваат дека целата на ова барање е усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари, што веќе стапи во сила