Штрајкот на вработените во образованието и во градинките продолжува соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков кој информираше дека од Владата добиле усна понуда за зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на буџетот во мај или јуни.
– Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството, изјави синдикалниот
лидер.
Тој рече дека спогодбата мора да се потпише најпрво за да продолжи образовниот процес и им се извини на родителите на децата од училишна и предучилишна возраст.
Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.