среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неделковски: Влегов преку „Табановце“, никој од нашата здравствена контрола не ме прегледа

Неделковски: Влегов преку „Табановце“, никој од нашата здравствена контрола не ме прегледа

Претседателот на партиската комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Неделковски вчера вечерта објави дека влегол во Македонија од Србија преку граничниот премин „Табановце“ и никој од медицинските тимови или пак надлежни од Министерството за здравство не го прегледал од македонската страна на границата.

-Во 21 часот влегов во државава на Табановце. Србите едвај ме пуштија поради вонредната состојба. Од нашите служби за здравствена контрола на граница ни трага ни глас. Никој не ме праша ни од каде доаѓам, ниту дали имам здравствени проблеми. Со еден збор, никаква контрола на до денес единствениот отворен премин кон Србија, искоментира Неделковски.

Инаку, Србија вчера прогласи вонредна состојба и од полноќ сите гранични премини се затворени.

Најнови вести