понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие

Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие
илустрација

Во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и шест од Велес, со што почна и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.

– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на КОВИД-19.

Најнови вести