четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Негувајте го и чувајте си го македонскиот јазик“ – Две години од смртта на доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска

„Негувајте го и чувајте си го македонскиот јазик“ – Две години од смртта на доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска

На 21 јануари 2021 година на 89-годишна возраст почина доајенот на Македонската Радио и Телевизија Бранка Станковска. Таа беше првиот радио спикер и првиот ТВ спикер и водител, заедно со ненадминливиот Иван Антонов.

Нејзиниот баршунаст глас, неверојатна дикција и мелодика и културата во говорењето се незаменливи и децении подоцна. Токму од Црн Врв е направен првиот директен пренос која таа го отвори.

Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

Нејзината врвна заложба беше да се негува и сочува македонскиот литературен јазик до совршенство.

Таа едуцираше многу кадри новинари и спикери на МРТВ, токму со таа молба и желба која постојано ја повторуваше: Негувајте го и чувајте си го македонскиот јазик!

Најнови вести