понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Некои од снимените разговори во предметот „Траекторија“ сечени на сред реченица

Некои од снимените разговори во предметот „Траекторија“ сечени на сред реченица

Денеска продолжи слушањето на “бомбите” поврзани со предметот “Кинези” или “Траекторија”. Се пуштаа разговорите кои се одвивале меѓу екс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, Георгиевски и останатите соработници кои учествувале во реализација на проектот за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Адвокатот Дончо Наков реагираше кај судијата бидејќи некои од разговорите беа пресечени, без крај, односно разговорите се прекинати на средина на реченица.

Според т.н бомби или аудио снимките, разговорите помеѓу обвинетите во овој случај биле насочени кон изнајдување на кинеска компанија со најповолна понуда. Исто така од снимките се слушна и дека станува збор за комерцијален договор – без тендер и дека за овој проект одлучило Собранието.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

За реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за јавни набавки и за овој закон расправаа и гласаа и пратениците на СДС и пратениците на ДУИ.

Најнови вести