петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неколку дена молк од надлежните за нападот врз екипата на ТВ21

Неколку дена молк од надлежните за нападот врз екипата на ТВ21

Пред неколку дена се случи напад на новинарската екипа на ТВ21, инцидент за кој институциите се уште молчат.

ТВ екипата на ТВ21 беше нападната од четворица мажи кои барале да бидат избришани снимките од граѓаните кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото Арачиново. Потоа, насилниците дрско и безобразно продолжуваат со вербалните закани, а потоа и со сила успеале да ги натераат новинарот и снимателот да влезат во темна просторија од општината, каде повторно им било барано да ги избришат снимките.

Според ТВ21 посочените лица се обидувале да „им наредат и да ги научат“ како да известуваат и за што смеат, а за што не смеат да објавуваат. Инцидентот продолжил во просториите на ТВ 21 каде што повторно од уредникот било барано да не се објави никаков негативен материјал за општината и за градоначалничката.

Овој чин го осудија од неколку организации и се побара МВР детално да го истражи овој случај и да се преземат мерки да се казнат напаѓачите.

Најнови вести