Новинарот Бранко Тричковски, познт по своите навредливи, невкусни постови, повторно ја прелеа чашата. Овојпаt со морбиден пост во кој посочува дека загинал Антонијо Милошоски.
-Загинал Антонијо Милошоски!?
На автопатот Скопје-Брисел, денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби Антонијо Милошоски.
Пратеникот на Злото.
Македонија е во шок.
Телото на починатиот ќе биде изложено во Музејот на македонската борба против слободата.
Починатиот ќе биде погребан во Алејата на говњарите на градските гробишта во Скопје. Пола во македонската земја што толку многу ја сакаше, а пола над земјата, како споменик на себе и на своето (не)дело!, пипува Тричковски.
Ваквиот вкус наиде на осуда кај многумина, за жал и кај восхит кај други, кои му посочуваат дека е „цар“. Не е ни кромид вест, ниту сатира. Се работи за, како што многумина велат, болен пост.
Бранко Тричковски кој важи за новинарски перјаник на Зоран Заев и идеолог на СДСМ, на својот ФБ профил има објава каде што директно повикува да се киднапира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Меѓутоа дилема во јавноста зошто Бранко Тричковски нема никаква пресуда за говор на омраза и закани иако во неколку наврати јавно преку фејсбук повикувал на смрт и убиство кон јавни личности и носители на високи државни функции. И покрај јавните закани и повици за ликвидација на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и за претседателот Ѓорѓе Иванов против Бранко Тричковски нема никакви постапки со што легитимно се отвара прашањето дали власта го заштитува ? – коментира Магазин. -А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?, прашува преку својот Фејсбук профил Тричковски.
Тричковски инаку е познат по скандалозните свои произнесувања во јавноста преку Фејсбук статуси, често со спорна содржина.
За поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го напишал следниот статус:
-Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност. Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“- фејсбук статус на Бранко Тричковски за тогашниот претседател Иванов.
Според Тричковски Гоце Делчев и Даме Груев никогаш не се бореле туку загинале додека биле пијани или имале секс.Ја навреди и Рашела Мизрахи.
-Вмороните се собирале на Витоша, како што денеска во Крушево се собира четата на Рашела Мизрахи. Потоа го викале Бимбо од Софија да ги слика. Така амфитеатрално исполегнати на некоја ливатка окружена со корија. Веднаш по фотосесијата го враќале оружјето на интендатурата на бугарската армија и оделе да пасат говеда, да садат тутун или да питачат по софиските улици. Имало неколку чети за тероризирање на македонското население, но ниту една не била обучена за борба против османското присуство. Ниту пак некогаш, некаде отишла да се тепа. Тие што испозагинале или на е*ење, како Гоце Делчев или како Даме Груев на препивање. Тоа е, не се Рашелчето заебава со историјата на вмро, туку историјата на вмро се заебава со сите нас, пишува Тричковски на Фејсбук.
Обвинителството не гледа причина да го гони Тричковски. Тој посочил дека е новинарско изразување, а обвинителите не мале основ да го гонат.
„Јавниот обвинител ја анализираше објавената колумна на пријавениот, како и неговите објави на една социјална мрежа кои беа предмет на известувањето доставено од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Заради оцена на наводите во кривичната пријава, пријавениот беше повикан на распит во ОЈО Скопје. По проучување на сите елементи, јавниот обвинител оцени дека пријавените дела не се дела за кои се гони по службена должност, односно дека во пријавените предметни настани не се содржани суштествените обележја на пријавените кривични дела“, посочија од ОЈО Скопје за статусите за Мицковски и Иванов.
Но се чини правдата не е иста за сите.
Актерот Тони Михајловски доби условна казна за заканата упатена на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски во која напиша дека би го убил без око да му трепне. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против актерот.
Според обвинението, на 16 јуни, 2017 година, по пат на информатички систем, Михајловски се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.