Ленче Нелоска, претседателката на Советот на оппштина Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук пипува дека на денешната 9-та седница на Советот на општина Ѓорче Петров се случи своевиден преседан за кој сметам дека јавноста треба да биде запознаена.
-Одговорноста пред граѓаните ја носиме сите заедно и како активно вклучени во општествените дејности така треба да се однесуваме.
Сите заедно Градоначалник – Совет – администрација треба да тежнееме да направиме што повеќе, да се бориме за секој ветен проект, за секој проблем да најдеме решение и секој денар да го искористиме максимално.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, заедно со Градоначалникот од првиот час од кога сме стапени на функциите гледаме да сме отворени кон граѓаните, да ги решаваме сите проблеми кои за волја на вистината се напластени последните четири години и се трудиме да ја смениме работата на многу подобро.
Денешната седница на совет ја извади целата хипокризија на површина и за таа цел го објавувам интегрално дневниот ред (види слика), за да можат граѓаните да ја разберат нервозата на СДСМ и Левица како и тенденцијата на закочување на проектите за доброто на граѓаните.
Јас како Претседател на Советот на општина Ѓорче Петров заедно со службите кои професионално работат над 20 години во оваа проблематика за прв пат сретнавме ентитет “ИЗЗЕМАЊЕ” од гласање и “НЕПРОИЗНЕСУВАЊЕ” за точките на дневниот ред.
Почитувани, политиката не е лајкови на социјални мрежи, конструирани прес конференции и ширење лаги.
Напротив тоа е работење, создавање и изградба на конкретни дела и проекти.
Имено, советот на општината меѓудругото донесе три Одлуки за ко-финансирање во реализацијата на следните општински проекти:
➡️ Одлука за кофинансирање на проектот “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување вертикална сигнализација во с.Кучково, општина Ѓорче Петров”
➡️ Одлука за кофинансирање на проектот :”Партерно уредување на просторот околу локалитетот КРСТ кај с.Кучково-Фаза 1 (Еко Училница)”.Овој проект се финансира со ГРАНТ неповратни средства обезбедени од Светска Банка при Министерство финансии и со општинско кофинансирање.
➡️ Одлука за кофинансирање на проектот “Набавка на комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини”Овој проект се финансира со ГРАНТ неповратни средства обезбедени од
Светска Банка при Министерство финансии и со општинско кофинансирање.
Со реализацијата на овие три проекти, жителите на општината ќе добијат уредени зони за рекреација, а дополнително со набавка на новото комунално возило значително ќе се подобрат услугите и ќе се намалат трошоците за зимско одржување.
Јавно ги прашувам советниците на СДСМ и Левица дали со своето “ИЗЗЕМАЊЕ” од гласањето и “НЕПРОИЗНЕСУВАЊЕ” за точките на дневниот ред., сметаат дека овој проекти не треба да се реализираат ?
Неформалната “коалиција” треба да одговори зошто со сите сили се обидува координирано да ги закочи проектите што следуваат ?
Зошто не се “ИЗЗЕМАТ” кога ќе треба да ги подигнат паушалите ?
Сакам да им ставам јасно до знаење дека изборите беа одржани не така одамна и на истите убедливо победи
ВМРО-ДПМНЕ, за Градоначалник во првиот круг и со огромно мнозинство во советот.
Граѓаните се изјаснија кого поддржуваат и на кој концепт му даваат поддршка.
Нема да дозволиме политички игри да го закочат напредокот на општината и да ги успорат проектите.
Колку повеќе се обидувате да кочите, толку посилно ќе влечеме напред !
За урбано и модерно Ѓорче, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.