понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски до Богоевски: Ги гледавте младите луѓе во очи, ги лажевте и ветувавте надеж, а донесовте помор

Нелоски до Богоевски: Ги гледавте младите луѓе во очи, ги лажевте и ветувавте надеж, а донесовте помор

Во денешната емисија „Клик плус“ гостуваше Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека младите од Република Македонија не си бегаат од финансиски причини туку поради тоа што тука владее заевизам односно „Кажувам-заборавам-негирам“.

-Павле беше еден од најактуелните протестирачи против политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Токму тој Павле Богоевски во 2015 година каде што вика „Цензурата е забранета“,истиот кога дојде на власт, а се бореше за младите да останат, да има подобри услови за живот. Во последните 6 месеци имаме три примери на цензура. Тоа се претставата „Северно од Македонија“ на вашиот поранешен соборец Сашо Тасевски,филмот на Јани Бојаџи и книгата на Стојан Андов.А, Павле Богоевски го нема никаде во овие 6 месеци да каже луѓе живееме во 21 век во Македонија имаме цензура, појасни Нелоски.

Вториот пример кој што го истакна Нелоски е Павле Богоевски кога дојде на власт протестираше со своите соборци за чист воздух.

-Но Богоевски не беше на протестите за здрав живот и воздух во 2019 година на 26 јануари, на 2 февруари и на 9-ти февсруари. И тука е проблемот Павле, не е проблемот ВМРО, Груевски и Груевизам. Проблемот е што ги гледавте младите луѓе во очи, ги лажевте и ветувавте надеж, а донесовте помор, нагласи Нелоски.

Најнови вести